Даворин Боговиќ од „Прљаво Казалиште“ за прв пат ќе одржи концерт во Македонија

Сцена продукција оваа година со концерт ќе го одбележи својот втор роденден. Првиот вокал и еден од основачите на еден од најпопуларните поп-рок состави во поранешна Југославија, загрепско „Прљаво Казалиште“ за прв пат ќе одржи концерт во Македонија и тоа ексклузивно во Битола. Даворин Боговиќ екс „Прљаво Казалиште“ на 17-ти август во Битола ќе го донесе својот црно-бел свет. „Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet“ се стиховите со кој Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста. Даворин и Боговичи на задоволство на сите ќе ги отпеаат хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „ Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“ и десетици други песни кои ги знаат неколку генерации од овие простори.

„На 17-ти август конечно ќе имам концерт во Битола. Во Битола претходно бев со театарска претстава но ова е она вистинското. Ви ветувам добра свирка и забава. Почнуваме со старите хитови како „Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“… па се до поновите како „Moja voljena“, „Niz brdo od ljubavi“, „Ljubav vjerna kao pas“. Се радувам на скорото доаѓање ! Дојдете да се дружиме во што поголем број.“ – вели Даворин пред концертот во Битола.

Атмосферата ќе ја загрева метал сензацијата од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, една од најдобрите македонски метал групи ФАЏ (FUDGE), кои повторно се враќаат на сцената со концертни настапи.

По повод роденденот на Сцена продукција влезниците до 5-ти август беа по цена од 200 денари. Oд 6-ти Август до денот на концертот цената ќе биде 500 денари. На денот на концертот истите ќе се продаваат по цена од 700 денари .

Ве очекуваме на Ракометно, заедно да ги пееме најголемите хитови од почетоците на „Прљаво Казалиште“ .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e