Даниел Крег за Бонд: Доколку не го работам тоа, страшно ќе ми фали

Даниел Крег дефинитивно сака повторно да биде Бонд, но негира дека се работи за бројка од 150 милиони долари.
Тој во последно време се најде во центарот на вниманието поради прашањето околу улогата на најпознатиот таен агент. За тоа зборуваше на New Yorker фестивалот: “Ја добив најдобрата работа во светот играјки ја улогата на Бонд. Работите кои ги правам во Бонд филмовите не ги правам во ниту една друга работа.”

Призна дека би му недостасувало играњето во филмовите на Бонд. “Тоа е една од најубавите работи што актер може да ја прави. Ја сакам оваа работа и би сакал да продолжам!”

Ги отфрли неодамнешните тврдења дека му била понудена сума од 150 милиони да потпише договор за следните две продолженија.

“Никакви преговорите не се во тек, сите се по малку уморни”, рече тој на Бонд панелот.

Неодамна протекоа информации како Крег наводно изјавил дека најпрвин би се ранил, него да игра во новиот 007, но очигледно се предомислил.

Крег исто така ќе глуми во ТВ серијата “Purity” со Том Хидлстон, Идрис Елба и Аидан Тарнер во приказната за МИ6 агентите.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e