Цеца соопшти: Јас и Вељко сме позитивни, но без симптоми

Познатата српска пејачка Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко се позитивни на коронавирусот.

Тестови за коронавирусот направила и Анастасија Ражнатовиќ. На двата теста младата пејачка е негативна на вирусот.

Инаку Цеца ја даде првата изјава по добивањето на резултатите од вториот тест:

– На повторениот тест и јас и Вељко сме позитивни. Вељко и јас се чуствуваме добро, немаме никакви симптоми. Ќе бидеме во домашна изолација, до повторното тестирање – изјавила познатата пејачка за српските медиуми.

Инаку и Цеца и Вељко најверојатно се инфицирани на забавата која ја правеа по повод раѓањето на малиот Жељко. На прославата во нивниот дом присуствуваше и водителката Душица Јаковлевиќ која без да знае го имала вирусот во себе.

Цеца, како и нејзиното семејство, оттогаш (3 јуни) се во контакт со многу луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e