Истрагата која беше покрената по наводниот инцидент во кој Бред Пит се однесувал насилно пред своите деца во нивниот приватен авион е официјално затворена.
Да се потсетиме, овој наводен инцидент беше причина Анџелина Џоли да поднесе барање за развод и за целосно старателство на децата. Бред се согласи на разводот, но сега бара тој и Анџелина да имаат заедничко старателство.
Каков ќе биде резултатот останува да видиме – од една страна семејните закони во Калифорнија обично го поддржуваат заедничкото старателство, а од друга страна Анџелина изгледа како жена која е подготвена на буквално се’.
Единствено се надеваме дека нема да заборават на чуствата и на желбите на нивните деца.