Бред Пит имаше деби како скулптор на групна изложба во музејот „Сара Хилден“ во Финска

Актерот Бред Пит не престанува да нè изненадува како со своите модни изданија така и со изјавите во кои открива како се чувствува во последните години по разводот со Анџелина Џоли.

Изминатиов викенд Бред го имаше своето деби како скулптор на групна изложба во уметничкиот музеј „Сара Хилден“ во Тампере, Финска.

Деветте дела на Пит на изложбата вклучуваат голема гипсена плоча што претставува пукање, како и серија силиконски скулптури во облик на куќа, од кои секоја е погодена со куршуми од различен калибар.

Станува збор за саморефлексија. Се работи за тоа каде сум згрешил во односите, каде сум соучесник“, рече Пит на отворањето.

„За мене, ова произлезе од она што јас го нарекувам радикален самоинвентар станувајќи навистина брутално искрен со себе и земајќи ги предвид оние што можеби сум ги повредил и моментите во кои погрешив“, објасни тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e