Бред Пит е сериозно болен после разводот со Анџелина?!

Покрај тоа што е во процес на развод од актерката Анџелина Џоли, холивудскиот заводник наводно е и сериозно болен, барем така јавува “RadarOnline”.

Имено, според овој портал, 52 годишниот актер веќе некое време е во емоционален колапс, што и не е некоја тајна, но изгледа дека моментално има и поголеми здраствени проблеми.

Наводно, актерот бил забележан повеќе пати во посета на специјалист за заразни болести во Беверли Хилс, но дека во болницата пристигнувал многу рано, уште пред да отвори, за останатите пациенти да не го препознаат.

“Тој пристигнува многу рано во болницата, уште пред да се отвори официјално за другите пациенти, најверојатно затоа што не сака да биде забележан и јавноста да дознае за неговите проблеми со здравјето”, изјавил близок извор за “RadarOnline”.

На актерот изгледа дека многу тешко му паѓа разводот со Анџелина Џоли, за која велеше дека е негова најголема љубов, како и тоа што не ги гледа своите шест деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e