Бен Афлек призна дека е на рехабилитација

После изјавата на Џенифер Гарнр дека се откажала од разводот иако не се смириле и понатака работат на тоа да што подобро функциониреаат заедно поради децата. Новата Фејсбук објава на Бен Афлек покажа уште една можност доказ за тоа, но воедно ги шокира многуте.

44 годишниот глумец призна дека се лечи од алкохолизам. „Штотуку го завршив третманот против алкохолизам, нешто со што се борев во минатото и ќе продолжам да му се спротивставувам. Сакам да живеам со полни гради и да бидам најдобриот татко кој можам да бидам. Сакам моите деца да знаат дека нема срам да побараш помош кога ти е потребна, и да бидеш извор на сила за било кој на кого му е потребна помош, но е исплашен да го направи првиот чекор.”

Во продолжение Бен се заблагодари и на Џен.“Среќен сум што ја имам љубовта на семејството и пријателите, вклучувајќи го и мојот сојузник во родителството, Џен, која ме поддржуваше и се грижеше за нашите деца додека јас ја вршев работата која морав да ја направам.Ова беше првиот од многуте чекори кои треба да се направат кон позитивно опоравување.“

Бен Афлек и порано имаше проблем со алкохолизмот, но очигледно се вратил на старите навики после турбулентниот период од својот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e