Антонио Бандерас излезе од болница: Срцевиот удар не беше ништо сериозно и не предизвика штета

Шпанскиот актер Антонио Бандерас за јавноста изјави дека се опоравил од срцевиот удар кој го доживеа во јануари. 56-Годишниот Бандерас за шпанските медиуми изјавил дека добил срцев удар на 26 јануари, но дека тоа „не било ништо сериозно“ и не предизвикало никаква штета.

Бандерас, познат по улогите во филмовите „Зоро“, „Десперадо“ и „Филаделфија“, соопшти дека му биле вградени два стента и дека не било така драматично како што пренесувале одредени медиуми. Неговата неодамнешна посета на една швајцарска клиника отвори многу шпекулации околу неговата здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e