Анџелина Џоли случајно се појави и ги израдува овие дечиња!

Ален и Брендон Александер се двајца браќа кои живеат во Лос Анџелес заедно со своите родители. Сакајќи да ги научи на животна лекција за тоа дека треба да научат да заработуваат пари и да се грижат за себе, нивниот татко им дал задача.

Задачата била навидум едноставна – да го заработат првиот хонорар со тоа што ќе го продадат огромното плишано мече од 2,5 метри.

Но, и покрај напорите на момчињата, никој не покажал интерес во она што тие имале да го понудат, па нивниот ентузијазам почнал да опаѓа.

Тогаш, сосема неочекувано, автомобил се паркирал покрај нив, а од него излегла Анџелина Џоли со својата ќерка Шила.

Без воопшто да размислува, актерката го купила мечето, а иако момчињата барале вкупно 50 долари, Анџелина им дала по толку и на двајцата.

Покрај тоа што ги израдувала момчињата, Анџелина накратко застанала да разговара и со нивните родители кои биле воодушевени од оваа неочекувана средба, а и помогнале и да го внесе џиновското мече во својот автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e