Анастасија Ражнатовиќ има полусестра со која се во одлични односи

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ организираше гала прослава за својот 24-ти роденден во ресторан во главниот град на Србија, а големо внимание привлече доаѓањето на Анѓела Ражнатовиќ, полусестрата на Анастасија, а ќерка на Жељко Ражнатовиќ – Аркан.

Имено, Анѓела одбила да дава изјави и брзо протрчала покрај новинарските екипи.

– „Каде си сестро“ – се израдувала Анастасија, а Анѓела и се фрлила во прегратка.

651692_3039217-tasa-3-ff_iff-640x439

– „Среќен роденден, ти посакувам се најдобро! Да си жива и здрава“ – и посакала таа.

Анѓела е родена во 1980 година, како плод на љубовта помеѓу Жељко Ражнатовиќ и актерката Љиљана Мијатовиќ. Дипломирала на Богословскиот факултет и објавила стихозбирка. Своевремено, пред речиси две децении, таа се најде во центарот на медиумското внимание, кога започна романса со Кристијан Голубовиќ, кого го запозна додека тој издржуваше затворска казна во Грција. Тогаш се шпекулираше дека ќе се омажи, но свадба немаше – Анѓела набрзо потоа се повлече од јавноста, доби ќерка, а освен во ретки прилики, кога доаѓа на прославите со Вељко и Анастасија, практично не се појавуваат во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e