„Тој проклет, најтажен, најгрд ден.“ – напиша пејачката на Инстаграм.
За српската пејачка Ана Николиќ денешниот датум е еден од најтажните во животот со оглед дека се навршија две децении како нејзиниот татко не е меѓу живите.
Пејачката и годинава во знак на сеќавање на својот татко напиша емотивна порака во која ги искажа своите тага и бол.
„Поминаа 20 години, а тој 11.05.1998 година…Тој проклен, тајгрд, најтажен ден… Недостигаш. За се што мина, за се што доаѓа… Не мина ниту една ноќ од овие 7300, а да не ти реков дека те сакам…“ напиша Ана.
„Знам дека си горд на мене и Марко, на тоа какви луѓе станавме. И се што правев правев како да си тука…А мама – таа те замени достојни, моќно и силно, каква што отсекогаш и беше. Те сакаме.“ – напиша Ана споделувајќи емотивно видео со фотографии со нејзиниот татко. Николиќ ја сподели и својата песна со симболичен наслов „ Да те вратам“.