Врската помеѓу Џенифер Лопез и Алекс Родригез започната пред неколку месеци премина на ново ниво.
Не само што за прв пат излегоа во јавност, туку и бејзбол играчот за прв пат говореше за тоа во едно интервју.
На прашањето како му е во врска со Лопез, одговори: “Па очигледно е. Прекрасно ни е”.
Таа е прекрасна девојка. Една од најпаметните девојки кои ги имам запознаено и исто така таа е неверојатна мајка – изјави тој.
Парот вчера беше фотографиран додека заедно го напушташе хотелот. Тие ги комбинираа дури и своите модни парчиња. Алекс во бело одело, а Лопез во капут со иста боја.
Подоцна се појавија во еден ресторан и со тоа потврдија дека уживаат еден со друг.