Актерка од „Ивкова слава“ со шокантна исповед: Ме силуваше моќен човек од филмската индустрија

Актерката Данијела Штајнфелд која на балканските простори е позната по улогата на убавата Мариола во филмот „Ивкова слава“ поради страшен инцидент избегала во Америка.

Во својот документарен филм „Држи ме цврсто“ таа објаснува дека бил силувана од моќник од домашната филмска индуструја. Убавата актерка филмот неодамна го претстави на Филмскиот фестивал во Сараево.

За ова остварување, таа интервјуирала и жртви и злоставувачи, а раскажала и нејзе што и се случило.

-Имав идеја да направам филм за последиците на силувањето и сексуалното злоставување од перспективата на жртвата и луѓето кои го направиле злосторството. Кога го погледнав сировиот материјал се охрабрив и во последен момент одлучив и јас да ја споделам својата приказна, изјавила Данијела.

Таа не сакала да го открие името на злоставувачот, но потврдила дека се работи за моќник од филмската индустрија, како и дека се плашела да каже што се случило поради безбедноста на нејзиното семејство. Тогаш имала 21 година.

-По силувањето му се доверив единствено на мојот лап-топ. Снимав мали видео записи кои на крај завршија како документарец. Тие денес се скапоцен тестамент, бидејќи покажуваат како жртвата се чувствува по злоставувањето, вели младата актерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e