Адил: Постои доказ дека Беквалац била претепана

Еден од најдобрите српски пејачи Адил Максутовиќ пред неколку години се најде во центарот на балканското медиумско внимание поради иста причина каква што сега му се припишува на Лука Лазукиќ, сопругот на поп пејачката Наташа Беквалац.

Популарниот фолкер беше осомничен дека по семејната расправија ја претепал сопругата Ана, но по медиумската фама работата беше завршена на тој начин што тужбата против Адил беше повлечена.

Адил кој и денес повремено ја „плаќа“ цената за тој случај на тој начин што неговиот лик и име ќе се појават на серијалите за познатите кои вршеле семејно насилство над жените се осврна на случајот со Беквалац. Иако многумина би помислеле дека тој по автоматизам би застанал на страната на обвинетиот маж неговиот коментар многумина ќе ги изненади.

Еве што изјави:

„Јас сум емотивец и романтик и никогаш немам кренато рака над жена. Сите кои ме познаваат знаат дека имам некој заштитнички став кон жените. За случајот со Беквалац дали таа минала низ голгота или не судиме преку медиумите, а всушност таа знае како стојат нештата. Но, кога ќе видат модринки, расекотина значи навистина имало нешто.  Не сакам никого да осудам. Никој не се прашува како се чувствува Наташа додека ги чита сите тие работи по медиумите, кој знае низ каков емоционален пекол минува. Не и додавајте сол на ран. Факт е дека постои материјален доказ, а на потег се институциите. Секој треба да одговара за своите постапки, додека сите ние на некој начин сме слепи за насилството околу нас.“ – вели Адил.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e