Адел ќе настапи на доделувањето на Греми наградите

Потврдено е: Британската ѕвезда Адел ќе настапи на 12-ти февруари во Стејплс центарот во Лос Анџелес, на доделувањето на најпрестижните музички награди во Америка.

Педесет и деветтите Греми награди со тоа стануваат возбудливи.

Претходно оваа недела, свои настапи потврдија Џон Леџенд, Металика, Кери Андервуд и Кит Урбан, а сега им се придружи и Адел.

Таа инаку е номинирана во пет категории, но постојат добри шанси да се врати дома со најмалку едно признание Греми.

Адел минатата година настапи при доделувањето на наградите, но нејзиниот настап не помина славно поради техничките проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e