Адел ја доби Греми наградата за најдобар албум, но потоа ја скрши плочата и пола ја даде на Бијонсе

Адел ги освои наградите Греми во сите пет категории во кои беше номинирана, меѓу кои и најдобар албум, плоча и песна на годината. Британската ѕвезда ја победи Бијонсе во трите главни категории со нејзиниот камбек албум „25“, и го повтори успехот од 2012, кога исто освои Греми за најдобар албум, плоча и песна на годината.

Таа е прв уметник во историјата на Греми што двапати победила во првите три категории и сега има вкупно 15 Греми.

Адел ги освои Греми наградите во сите пет категории во кои беше номинирана, меѓу кои и за најдобар албум, плоча, и песна на годината.

Во сцена што потсети на филмот „Злобни девојки“, Адел на сцена го скрши на пола својот Греми за најдобар албум, за да ѝ го даде на Бијонсе крунскиот дел. Адел го искористи говорот да и се заблагодари на Бијонсе за нејзиниот монументален албум „Лимонада“, кој исто беше номиниран, а зад сцената рече дека таа самата гласала за албумот на Бијонсе.

Бијонсе освои само една Греми награда (Фото: АП)
Бијонсе освои само една Греми награда (Фото: АП)

„Но, стварно не можам да ја прифатам оваа награда. Многу сум понизна и многу сум благодарна, но уметник на мојот живот е Бијонсе. Овој албум што го направи, ‘Лимонада’ се толку монументален“, рече Адел при врачувањето на наградата. „Ме правиш мене и моите пријатели и моите црни пријатели да се чувствувам моќно. И тие стојат исправени сами за себеси. И те сакам. Отсекогаш сум те сакала“, рече Адел.

Како и Адел, и Дејвид Боуви, кој почина лани од рак, победи во сите четири категории во кои беше номиниран. „Блекстар“, неговиот последен албум објавен неколку дена пред смртта, победи за најдобар алтернативен албум, а насловната тема за најдобра рок песна и изведба. До вчера, Боуви имаше само една Греми во кариерата, во 1980-те за музичко видео.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e