Кој носи градник од 3 милиони долари со 9000 скапоцени камења

Fantasy градниците со потписот на Victoria’s Secret се посебен луксуз за којшто жените ширум светот може само да сонуваат, а девојката којашто ги носи на нивните ревии мора да биде најубавиот од сите “Ангели”.

Претходните години преубавите и скапоцени Fantasy VS градници ги носеа дами коишто претставуваат големи имиња во светот на модата, како Жизел Бундхен, Клаудија Шифер, Тајра Бенкс, Алесандра Амбросио, Адријана Лима и Кендис Свонпул. Оваа година таа чест и припадна на Џесмин Тукс.

Таа е дел од Victoria’s Secret семејството од 2015-та година, но многу брзо успеала да ја добие титулата – една од најубавите и најатрактивни манекенки.


– Голема чест е да се биде дел од таа група жени коишто се икони и коишто беа и мој пример додека растев, изјавила Џасмин.

Овогодинешниот модел “Bright Night Fantasy Bra” е дизајниран од страна на Еди Борго, а за самата изработка биле потребни цели седум месеци, при што цената достигнува неверојатни три милиони долари!


Составен е од 9.000 скапоцени камења, дијаманти и смарагди, сместени на 18-каратно злато. Вкупната тежина му изнесува повеќе од 450 карати.

Џасмин ќе има прилика да го понесе на 5-ти декември на ревијата во Париз, и е свесна дека тоа претставува исклучително голема чест. Погледнете и како се изненадила таа кога и била соопштена убавата вест:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e