За една љубов која заслужува ВЕЧНО ДА ТРАЕ!

Признавам, започна како на шала. Но како поминуваше времето бев се повеќе убеден дека господ ми ја прати во време кога најмногу ми требаше.

Се знаеме многу одамна. Околностите беа такви да иако ми беше симпатична уште многу одамна, не ни се споија патиштата.

Ќе ви раскажам…

Пред две години на една веселба имав храброст да и дадам до знаење дека сакам да ја имам. Помина уште една година, остана само на тоа.

Но господ сакал да ми даде уште една шанса.

Ми ја донесе.

Се сретнавме после еден заеднички настан. Останавме сами. Пробав да и се доближам. Најпрвин беше изненадена, зошто баш јас сум тој што имам таква храброст. Уште од тој момент ја гушнав, ја гушнав а таа почна да ми ги раскажува своите маки. Ме чувствуваше близок и затоа ми се отвори….

Ја испратив до …..а таа си замина, најверојатно изненадена од мојот гест. Тој ден го сметам за почетокот на НАШАТА ГОЛЕМА ЉУБОВ.

Поминаа неколку недели, повторно се сретнавме. Сами во мојот автомобил, возејки се, ја допрев нејзината рака со мојата. Од тогаш започнавме почеста комуникација. Се радував на секој момент кога ќе го слушнев нејзиниот мил глас. Зборувавме по цели ноќи, се присетувавме на годините наназад и убавите моменти кои ги имал секој од нас.

Да бидам искрен, се заљубив уште на самиот почеток. Таа моја љубов кон неа, од ден на ден стануваше се`поголема.

Една ноќ, се договоривме да се видиме. Отидовме на едно место со многу убав поглед. Сами во автомобилот останавме пет часа. Во еден момент од ноќта ја изненадив со нешто убаво, нешто несекојдневно, нешто за што таа никојпат не верувала дека некој ќе направи нешто такво за неа. Тоа изненадување го спремав со многу емоции, неколку часа во една предходна ноќ.

Од таа вечер, веќе ништо не беше исто.

Секој ден го започнуваме со “Добро утро, душо..” и завршуваме со “Добра ноќ, сонце мое.”

Бевме опиени од љубов. Иако секој со свои обврски, наоѓавме време и место да се видиме, т.е гушнеме.

Не беше лесно, напротив, пеколно тешко е кога двајца млади се бескрајно вљубени а во ист момент се спречени да неможат таа голема љубов да ја прикажат пред останатите. Колку ли само си замислуваме како би биле среќни кога би биле заедно.

1406 /0400 е шифра која само ние ја знаеме и секојпат кога ќе се присетам на тој момент си велам и да умрам, нема да ми е жал, сум доживел нешто кое не се опишува со зборови. Да слушаш на секои 10 секунди “ Злато, многу те сакам….” е само еден детал од таа ноќ за паметење.

94210706_702689163809048_3551774985552920576_n

Во таа наша врска и двајцата вложивме многу. Желбата да се биде заедно не беше доволна само за тие блиц средби во кола или долги телефонски разговори. Ни требаше некое наше место каде би се чувствувале слободни, свои, во некој наш свет.

И си го најдовме тоа магично место. Секогаш кога ќе дозволеа условите, бевме таму. Ризикот беше голем, но љубовта и желбата да се биде заедно беа многу поголеми. Уште од првата средба таму, таа облече една моја маица. Ако ми верувате, секоја вечер од тогаш наваму, таа маица е до мојата перница. Се будам и заспивам со мирисот нејзин. На тоа место се чувствувавме како да сме на некој пуст остров, сами и вљубени. Ништо друго не ни беше потребно. Сами ние, гушнати, со добро вино, хранејки се еден друг со овошје и вкусна храна.

Времето минуваше, љубовта раснеше, но и љубомората беше присутна и кај двајцата.

Знаевме да се налутиме, да се скараме, да се мириме и да продолжиме напред, или како ние си велевме “да газиме напред”.

Еден период поради одредени причини бевме спречени да се гледаме почесто, но знаејки дека мораше така да биде, се спремавме психички и го издржавме и тоа, се во име на љубовта. Од разделените патувања знаевме да се вратиме со по некое интересно поклонче кое го купувавме од срце.

Во меѓувреме си најдовме уште едно место да поминеме дел од нашето мало но бесценето време. И на тоа место, знам да го изненадам моето сонце со нешто што ќе го паметиме и двајцата. Таму се гушкаме, си ја гледаме среќата на нашите очи, едноставмо, се сакаме.

Пред неколку недели, заедно откривме уште едно место под сонцето каде може да го имаме она што ни е најпотребно, слобода. И тоа ми беше изненадување за кое мојата љубов блескаше од среќа. Таа среќа на нејзините очи се гледаше од месечината. Таа нејзина среќа никојпат нема да ми се отргне од моите очи и меморија.

94120083_228648561715965_3570864998492143616_n

Мојата љубов кон девојката на мојот живот, неможам да ви ја опишам. Таа не е до небото и назад, туку е бесконечна. Јас неа МНОГУ ЈА САКАМ…..НАЈМНОГУ. Таа е првата женска личност на која и имам купено цвеќе, книга…Да не зборувам за ручеците на нашето место, за родендените со свеќички и многу други моменти….

94429924_227870695100562_8732950891218337792_n

Јас знам дека таа многу ме сака, и затоа сум свесен за љубомората која се јавува кај неа. Но, од друга страна сум горд што можам и пред господ да потврдам дека јас неа во ниту еден момент не сум помислил да ја заменам со друга ниту да ја изневерам.

Таа е животот мој, мојата среќа, моето се`.

Во периодот сум во тешки проблеми и поминувам низ уште поголеми предизвици, поради сите тие моменти, ако го додадам и фактот што сум вљубен во личност со која неможам да се гледам секогаш кога јас или таа ќе посакаме, сето тоа ме прави да бидам лесно ранлив. Поради тоа, ми треба поддршка од мојата љубов да истраеме во овој тежок период и заедно да уживаме во времето пред нас.

Затоа, сакам да се обратам лично до неа…

Злато, знаеш дека како ти, така и јас, сакам да бидеме што повеќе време заедно, знаеш дека доколку би имале можност на избор, би избрале да сме сами во карантин до крајот на нашиот живот, но во исто време, те молам од дното на душата, ВЕРУВАЈ МИ! Се што правам, правам за да бидеме заедно, да се гушкаме, да го уживаме животот за кој и јас и ти сме заслужиле.

Да не дозволиме, моменталните чувства и нервозни моменти да влијаат на она за што сме вложиле многу.

Потребна си ми, потребен сум ти. Ние сме си…. Сонце мое, те гушкам силно.

Душата моја си ти!

 

 

Ве молам пренесете го овој мој статус да допре до мојата љубов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e