ППК Крива Паланка старо – нов шампион во сениорската лига во пинг – понг

Екипата на Пингпонгарски клуб Крива Паланка е шампион во највисоката супер лига на Македонија, победувајки ја во финалето екипата на Младост’ 96 од Прилеп со резултат 4:1 во финалниот меч или севкупно 2:0 во победи. На тој начин екипата на ППК Крива Паланка ја потврди доминацијата со убедливи 20 победи во исто толкав број на натпревари.

IMG_2264

За екипата на ППК Крива Паланка настапија долгогодишниот шампион во поединечна конкуренција Кристијан Станојковски, најдобриот јуниор Александар Јакимовски и интернационалецот Џорџе Петрович.

IMG_2290

Ова титула на клубот е трета по ред откако во претходните две сезони во финалињата беше поразен истиот противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e