Трагичниот живот на познатата пејачка на француски шансони: Мајка ѝ ја напуштила, а ќерката трагично ја изгубила

Едит Пјаф била позната француска пејачка на шансони и филмска актерка која во 50 годинини на минатиот век го освоила светот.

Родена е на 19 декември 1915 година во Париз, а целосното име и е Едит Џована Гасон. Тешкиот живот ја следел од мала возраст.

Родена е во сиромаштија, мајка ѝ ја напуштила по породувањето, а татко и заминал во војна. Била одгледана од страна на нејзината баба, позната „мадам“ во Нормандија, па така Едит детството го поминала во јавна куќа. Мајка и била пронајдена мртва во канализација како последица на предозирање.

Од третата до седмата година од животот била слепа, за што наводно било виновно воспалението на рожниците на окото.

Биографите веруваат дека растењето во вакво неприкладно место влијаело врз нејзиниот поглед на животот, а подоцна и на односите со мажите.

– Мислев дека кога мажот ќе ја покани жената да излезат, таа не смее да го одбие – признала француската пејачка во едно од подоцнежните интервјуа.

Кога имала 14 години му се приклучила на својот татко, патувачки акробат, и почнала да пее на улица за ситни пари.

Две години подоцна го запознала Луис Дупонт во кој страсно се заљубила. Ја добиле ќерката Марсел, која починала на само две години од менингитис.

Од улица до дискографски успех

Едит ја стекнала својата популарност во 10935 година, кога на улиците во Парис ја открил ден сопственик на ноќен клуб. Иако била нервозна на сцената, Луис Лепеле ја поттикнал да пее, а поради нејзината висина, од дури 142 центиметри, ѝ го дал надимакот „врапче“, кој ја прати до нејзината смрт.

Тој ја научил на основните сценси движења, а инсистирал да носи црн фустан кој подоцна станал нејзин заштитен знак.

Настапите во клубот и донеле договор за снимање албум и се чинело дека е на одличен пат кон славата. Но, на 6 април 1936 година, Лепеле бил пронајден мртов, а Едит се нашла меѓу осомничените.

Иако била ослободена од обвинението, ѝ било потребно време да го врати својот имиџ. Со писателот Рејмонд Ас се впуштила во романтично-работна врска. Со заеднички сили создавале песни обоени со нејзините животни искуства.

Во пост-воената Франција, таа станала една од најбараните забавувачи, а се прослави со песните „La Vie en rose“, „Milord“, „Non je ne regrette rien“ и „Hymne a l’amour“.
Несреќна во љубовта

Во својот краток живот Едит била во романса со неколку славни мажи. Имала врска со францускиот композитор и шансоњет Чарлс Азнавоур, а се мажела два пати.

Со Жак Пил судбоносното да го изговорила во 1952, но барањето за развод го побарала пет години подоцна.

Брачната среќа ја побарала и со дваесет години помладиот грчки фризер и забавувач Тео Серао за кој се омажила во 1962 година и со кого настапувала се до својата прерана смрт во 1963.

Сепак, боксерскиот шампиот Мерсел Цердан го сметала за љубов на својот живот. Се заљубила во него во летото 1948 година, покрај фактот дека тој бил оженет и имал три деца, а го изгубила во трагична авионска несреќа една година подоцна.

Според нејзиниот турбулентен живот бил снимен и филм „La vie en Rose“ во 2007 година, а во нејзина кожа влегла француската актерка Марион Котилард, која за оваа улога добила Оскар.

Едит починала на 47 годишна возраст од внатрешно крварење поради проблеми со црниот дроб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e