Дали Балканот ќе ја подели Европската Унија?

ЕУ се соочува со сериозна внатрешна криза поради процесот на проширување – главната линија на спротивставување помеѓу Париз и Берлин. – пишува Пјотр Искендеров во најновата анализа за влијателниот институт на Балканот ИФЕМЕС.

Франција, на 15 октомври годинава, со поддршката на Данска и Холандија, ја блокираше одлуката на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Германија и другите членки на ЕУ ја дефинираа одлуката како неоснована, повикувајќи се на претходните одлуки на Европската комисија. Овој раскол во самиот врв на ЕУ може сериозно да ја загрози репутацијата на 28-те членки и доверба во очите на балканските држави, принудувајќи ги овие држави да ги пренасочат своите приоритети за надворешна политика и можеби да се свртат кон Русија и нејзините механизми за интеграција. – пишува во анализата.

Лидерите на Албанија и Северна Македонија, Рама и Заев, го обвинија Брисел дека ги игнорира нивните интереси.

Полска, која е најактивниот сојузник на балканските земји-кандидатки во ЕУ, по однос на ова парашање има прилично напнати односи со највлијателните во Брисел. На неодамнешната средба на лидерите на Вишеградската група на држави (Унгарија, Полска, Словачка и Чешка) во чешкиот град Лани, полскиот претседател Анджеј Дуда го опиша почетокот на предпристапните преговори со Скопје и Тирана како „лакмус-документ, кој ќе покаже колку ЕУ е отворна за реалноста “. Тој рече дека и двете балкански држави веќе ги исполниле сите потребни услови за почеток на преговорите со ЕУ и истакна дека Варшава фаворизира „отворена врата“ на Европа, затоа што тоа е единствениот начин да се обезбеди мирен развој на ЕУ.

Овој став исто така целосно е застапуван и од Германија. Михаел Рот, германскиот државен министер за магазинот Die Welt изјави дека „Албанија и Северна Македонија ги завршија своите домашни задачи. Во последниве години, тие беа исклучително успешни во сите поглавја, така што ги исполниле сите услови за започнување на преговорите. Затоа треба да бидат наградени и токму тоа го направи Бундестагот недвосмислено гласање. Убеден сум дека условите предложени од Бундестагот ќе ги убедат другите во ЕУ да започнат преговори за пристап “, истакна Рот. Тој додаде дека „одлуките на ЕУ внимателно се следат не само во Албанија и Северна Македонија, туку и во целиот регион. ЕУ мора да покаже дека реформските напори се охрабрени. Секое понатамошно одложување на почетокот на преговорите сериозно би ја загрозило довербата во ЕУ со негативни последици за мирот и стабилноста во регионот “. – потенцирал Рот.

Во својата семинарска работа проф. Анис Х. Бајректаревиќ смета дека “единствено што денес може да ја задржи рамнотежата на Унијата, е маневарот во кој Атланско-Централна Европа вешто ќе ја задржи еднаквата дистанца како од „разбудената“ Русија, така и од сеприсутната Америка.

„Да повториме, секоја алтернатива на сегашната Унија е голема Франција или Германија со Русија, а тоа е враќање на Европа во 18, 19 или раниот 20-ти век, значи конфронтации, трајни конфликти, возни и раздори. И САД и Русија многу пати покажаа моќ дека вешто и истрајно ги реализираат своите надворешнополитички задачи. Време е Брисел да почне да ја живее својата исконска идеја“. – пишува Бајректаревиќ.

U svom seminarskom radu o pet historijskih Evropa prof. Anis H. Bajrektarević bilježi: »Jedino što danas može očuvati ravnotežu Unije, jeste manevar u kome će Atlantsko-Centralna Europa vješto kalibrirati i održati ekvidistancu kako od probuđene Rusije tako i od sveprisutne Amerike. Da ponovimo, svaka alternativa sadašnjoj Uniji je velika ili Francuske ili Njemačke sa Rusijom. A to je povratak na Europu XVIII, XIX i ranog XX stoljeća – dakle, direktna sučeljavanja oko centralnih sektora našeg kontinenta, trajni sukobi, ratovi i razaranja.  I Rusija i SAD su nebrojeno puta jasno pokazali moć da vješto i istrajno sprovode svoje vanjskopolitičke zadaće, kao i strast i viziju u artikuliranju istog. Vrijeme je da i Brisel počne da živi svoju vlastitu ideju. Biologija i geopolitika podvrgavaju se jednom istom zakonu: prilagodi se ili umri[6].«

Неодамнешните случувања во Брисел се уште еден показател за сериозно поткопување на улогата на ЕУ на Балканот. Ова сигурно отвора простор за други клучни играчи, особено Русија, Кина и САД. Затоа Москва мора да развие појасен концепт за своите интереси и цели во регионот и начините за нивно постигнување, притоа секогаш да ја почитува локалната геополитичка состојба и традицијата на руско-балканска соработка.  – се наведува во анализата на Искендеров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ