Заев откри кога ќе се знаат имињата на разрешените и новите министри!

Премиерот и претседател на СДСМ истакна дека до крајот на овој месец ќе заврши реконструкцијата на Владата. Заев кажа дека ќе бидат разрешени не повеќе од 8 министри и околу 20 тина директори.

„Јас сметам дека до крајот на идната недела ќе ги соопштам имињата на разрешените и на новите, за да може следната недела собранието да дискутира за нив. Паралелно со одлуката за новите министри, а со тоа и заменици, ќе следуваат и одлуките за разрешување на повеќе од 20 директори на државни институции, централни високи и на нивно место ќе именуваме нови. Ова може да биде паралелно со новата влада, или веднаш откако ќе ја изгласаме новата Влада“, истакна Заев.

Премиерот додаде дека до крајот на овој месец ќе завршиме со формалностите за реконструкција на Владата.

„Деновиве се разговара со потенцијалните нови министри и нови кадри за директорски места. Ќе има промена на раководни сруктури покрај од СДСМ и од другите коалициони партии вклучително и ДУИ“, истакна Заев.

Премиерот додаде дека нема потреба од барање за предвремени избори, единствана потреба од предвремени избори беше возможна, ако треба на ЕУ да и докажеме што треба да испорача према Северна Македонија, не према некоја политичка партија. Ставот наш е дека треба да се тера цел мандат. Економските резултати се одлични. Конечно опозицијата ја гледам дека замолчи, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e