Заев: Обезбедивме стабилно мнозинство во Собранието и стабилна Влада

Обезбедивме стабилно мнозинство во Собранието и стабилна Влада со влезот на Алтернатива во извршната власт, истакна премиерот Зоран Заев.

„На средбата со лидерите на партиите од владината коалиција, ги запознав со деталите од договорот со Алтернатива, како и со содржината на документот „Основни начела за надградба на програмата за работа на Владата на Република
Северна Македонија“ кој треба да се допрецизира и појасни со цел да стане составен дел од новата владина програма.
Според договорот, Алтернатива презема одговорност за активностите во неколку министерства, институции, подрачни единици или одбори, согласно претходно утврдени принципи за постигнување договор за проширување на мнозинството. Постигнатиот договор е гаранција дека имаме мнозинство кое ќе работи на решенија за почеток на преговори за членство во ЕУ, справување со КОВИД-19 пандемијата и со глобалната енергетска криза посочи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e