Заев: Меркел задоволна од испорачаното – Годинава земјата започнува преговори за членство во ЕУ

Премиерот Зоран Заев по денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин порача дека имале срдечна и пријателска средба.

„Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на унијата“, се наведува во соопштението на владината прес- служба.

Според соопштението, Меркел истакнала дека земјата го испорачала очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно. Заев порачува и дека е силно уверен оти оваа година земјата започнува преговори за членство со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e