ВМРО-ДПМНЕ: Ќе забраниме извршување на куќа или стан, кој е единствен дом на граѓанинот

„Македонија мора да стане држава каде ќе се почитуваат и спроведуваат законите.
Правдата и правичноста се наш основен постулат, по кој ќе се водиме.
Ќе ги десеткуваме казните. ќе ставиме забрана за извршување на куќи и станови, кои се единствен дом на граѓаните.
Во казнената политика целосно ќе се спроведе системот – превенција па казна. Ќе се утврди нов модел на работење на трудовата и на пазарната инспекција врз основа на системот усно укажување на евидентираните неправилности во работењето на правното лице, период за нивно отстранување, па дури потоа казна. Казната ќе следи само во случај кога неправилноста не е исправена во конкретен рок и ако истата и натаму се повторува од страна на правното лице.
Новата прекршочна политика ќе биде утврдена и кај сообраќајните прекршоци. Ќе се примени системот на мали, но ефективни казни, односно десеткување на сегашниот систем на казни. На пример, сегашната казна за сообраќаен прекршок од 300 евра во денарска противвредност ќе биде заменета со казна од 30 евра во денарска противвредност. Системот на мали, но ефективни казни ќе придонесе кон намалување на корупцијата, ослободување на институциите од прекумерни предмети кои чинат пари и време, и ќе помогне во јакнењето на свеста на граѓаните за почитувањето на правниот систем.
Уставното гарантирано право на граѓаните на домување е посилно од било кој закон, затоа освен во случаите на хипотекарно обезбедените побарувања, ќе се укине извршувањето врз недвижност која е единствен дом на граѓанинот. Оваа мерка се применува само кога се извршува по основ на наплата на паричен долг кога врз недвижноста не постои заложно право. Доколку недвижноста се употребува за домување на граѓанинот-должник, нема да биде возможно одземање на недвижноста заради наплата на долг, без оглед која е висината на долгот. Никој не смее да остане без покрив над главата.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e