(ВИДЕО) Заев: До крајот на 2018, ќе имаме повеќе странски инвестиции отколку во сите 11 години на ВМРО-ДПМНЕ

Дел од обраќањето на премиерот Зоран Заев, на седницата за интерпелација на владата:

“За сите 11 години од владеењето на претходната власт, и потрошените до 250 милиони евра за реклами, за медиуми, за роуд шоуа, дојдоа 23 странски инвеститори. Но, ние, за само 10 месеци, без ниту еден денар за реклами или за роуд шоуа, пред потпишување сме на 18 договори. 10 договори се веќе потпишани, за 8 се донесени одлуки. До крајот на 2018, ќе имаме повеќе странски инвестиции отколку во сите 11 години на ВМРО-ДПМНЕ.” – потенцира Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ