Внимателно ако патувате кон Грција – Издадено предупредување за Солун и Халкидики

Грчката национална метеоролошка служба (ЕМЈ) издаде итно вонредно предупредување (црвен аларм) поради драстично влошување на временските услови, кое го зафаќа регионот во периодот до 25 јули. По неколкудневниот екстремен топлотен бран, метеоролозите алармираат за нагла промена проследена со силни поројни дождови, интензивни електрични празнења, олуен ветер и локална појава на град, предупредуваат на групите посветени на Грција.

Според прогнозите, главниот удар на невремето во северен сосед ќе биде регистриран в петок (24 јули), кога изразена нестабилност ќе ги зафати Халкидики и Солун — омилените дестинации за илјадници македонски туристи. Таму се очекуваат обилни врнежи и силни удари на ветер кои можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот и на плажите.

Препораки и совети за безбедност за туристите:

Надлежните служби упатуваат апел до сите граѓани и туристи кои престојуваат во овие региони на максимална будност и почитување на следниве упатства:

Напуштете ги плажите: Доколку забележите дека се приближува невреме или слушнете грмежи, веднаш напуштете ја плажата и излезете од морето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e