(ВИДЕО) Иванова: Која била улогата на Христијан Мицкоски во насилствата на 27 април?

Прес конференција,
Михаела Иванова, СДММ
Скопје, 28.03.2018

 

Почитувани граѓани,

Оваа фотографија покажува дека пред вратите на Собранието, на 27-ми април, бил и Христијан Мицковски, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно се гледа дека Мицкоски ја минал заштитната ограда и се наоѓа непосредно пред влезната врата на Собранието.

Мицковски бил во толпата на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беа загрозени нивните животи и уставниот поредок на Република Македонија.

Која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток?
Дали Мицкоски координирал некои од лицата кои влегоа во Собранието?

Дали Мицкоски вака ги сфаќа демократијата и владеењето на правото?

Дали е ова новата визија или стариот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски е должен да одговори на овие прашања пред јавноста. Граѓаните мора да ја дознаат неговата улога во најтрагичниот настан во поновата историјата на демократијата во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e