“Пред само 3 недели, вмровските пратеници цел ден жолчно го бранеа “ликот и делото” на Цветан Трипуновски, ги извртуваа аргументите на опозицијата дека земјоделството не е во колапс под негово раководство, па дури се закануваа и со КРИВИЧНИ пријави за скандалот со уапсениот директор со мито токму во зградата на Трипуновски.” – реагира пратеничката од Левица, Јована Мојсова.
“Ако Трипуновски до пред 3 недели беше “најдобриот министер за земјоделие” – зошто токму тој не ја преживеа реконструкцијата на власта? Или во последен момент власта мораше да го спасува со парите за мито, па место Трипуновски – неговиот директор беше поапсен?!
П.С. Агенција За Храна и Ветеринарство уште не ги објавила имињата на МЛЕКАРИТЕ кои продавале канцерогено млеко со палмино масло! Иако уште пред еден месец требаше да бидат објавени фирмите, истите се кријат. Можда Цветан не ја преживеа реконструкцијата, ама на моќниците во бизнисот со млечни производи “влакно не им фали”.” – напиша таа.
