ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ ПОРАДИ ДОЦНЕЊЕТО НА СУБВЕНЦИИТЕ Немаат средства да купат нафта, ѓубрива и семенски материјал

Земјоделците бараат итна исплата на заостанатите субвенции, предупредувајќи дека поради доцнењето се доведени во прашање тековното работење и подготовките за новата производствена сезона. Освен што немаат доволно средства за набавка на нафта, ѓубрива и репроматеријали, велат дека не можат ниту да аплицираат за нови мерки за финансиска поддршка, бидејќи претходните обврски сè уште не се расчистени.

Според Законот за земјоделство и рурален развој, исплатата на директните плаќања, односно субвенциите, треба да се врши во тековната календарска година. Доколку поради недостаток на финансиски средства или продолжени административни постапки тоа не е можно, законот предвидува исплатата да се реализира најдоцна до 30 јуни во следната календарска година.

Ова е регулирано со член 61 од Законот за земјоделство и рурален развој, каде што е наведено дека исплатата не може да се изврши пред да се утврди дека корисникот ги исполнува условите за добивање на директните плаќања. Во истиот член е предвидено и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој да ги извести земјоделските стопанства за извршената исплата најдоцна еден месец по истекот на законскиот рок.

-Земјоделците се револтирани поради доцнењето на субвенциите. Тие пари не се луксуз, туку се неопходни за да се продолжи производството. Во моментов многумина немаат средства да купат нафта, ѓубрива, семенски материјал и останати репроматеријали. Без тие средства не можат навреме да ги извршат агротехничките операции, а тоа директно влијае врз приносите и квалитетот на производството, изјави за „Локално“, Ристо Велков, претседателот на Сојузот на земјоделци од Струмица.

Целиот текст на линкот тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e