„Безбеден град“ го намалил бројот на жртви во сообраќајот за 40%

Министерството за внатрешни работи соопшти дека системот „Безбеден град“, кој неодамна е пуштен во употреба, веќе покажува значајни резултати во подобрување на безбедноста во сообраќајот и модернизација на полициското работење.

Како што наведуваат од МВР, проектот кој долго време бил најавуван, сега е целосно функционален и претставува еден од клучните алатки за заштита на животите на граѓаните, објави 4news.mk

Податоците покажуваат дека во периодот од февруари до јуни годинава бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 жртви во истиот период минатата година на 34 оваа година.

Од почетокот на примената на системот се регистрирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, при што повеќе од 95% се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Според МВР, тоа укажува дека најголемиот ризик на патиштата не се технолошките системи за контрола, туку неодговорното однесување на возачите.

Од Министерството нагласуваат дека имплементацијата на „Безбеден град“ ќе продолжи и во другите делови од државата, со цел намалување на бројот на сообраќајни несреќи и жртви, а не зголемување на казнената политика.

„Нашата цел не е повеќе казни, туку помалку несреќи и спасени животи“, порачаа од МВР, додавајќи дека безбедноста во сообраќајот нема алтернатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e