Од Национална земјоделска мрежа ја упатија, како што велат последната опомена за преземање мерки за решавање на состојбите во аграрот.
“До македонските политичари и надлежните институции!!!
Доста беше игнорирање на маката на македонскиот земјоделец.
Овогодишната жетва на пченицата и јачменот повторно ги разоткри неправдите со кои се соочуваме секојдневно. Гледаме како трговците и мелничарите манипулираат со цените, додека министерството останува инертно и не ги користи законските механизми за заштита на домашното производство.
Очигледно е дека интересите на трговците се ставени пред интересите на тие што ја произведуваат храната.
. Ова е последна опомена.
Македонскиот земјоделец веќе нема да молчи. Ако не видиме конкретни резултати и заштита на нашето производство, самоорганизирањето на политичко ниво е единствениот пат што ни преостанува.
Не очекуваме празни ветувања, туку итни решенија. Трпението е потрошено.” – стои во реакцијата.
