(ВИДЕО) 360˚ Тодоров: Гоце Делчев е на мајка му и татко му, депласирано е прашањето чиј бил

Историчарот Петар Тодоров, член на заедничката историско-образовна комисија со Бугарија, во дебата на „360 Степени“, зборуваше за предлогот за заедничко чествување на Гоце Делчев кој предизвика бурни дебати во двете држави, како и за тоа „чиј“ е Делчев.

– Јас ќе се пошегувам и ќе кажам дека е на мајка му и татко му. Депласирано е прашањето чиј е Гоце Делчев. Кога чествувате нешто заеднички, не чествувате затоа што тој бил Бугарин или Македонец, туку затоа што има нешто кај него што ве поврзува. Не може да им кажете на Македонците – ајде, ќе го чествуваме бидејќи Гоце Делчев бил Бугарин. Тоа нема никаква основа, и затоа мислам дека прашањето чиј е Гоце Делчев е депласирано и не може да биде предмет на дискусија, ако сакаме да имаме заедничко одбележување на личност која е силно застапена во историските традиции и во Македонија и во Бугарија – рече Тодоров.

Тој вели дека Делчев припаѓа на наследствата на двете држави и тоа не може да се негира, без разлика како настанеле овие историски традиции.

– Кај нас е и дел од многу поважна работа, тој е и доста важен елемент, кога станува збор за државноста на Македонија – рече Тодоров.

Тој оцени дека може да се дојде до договор, доколку има волја и дека потребна е макотрпна работа, а не ад-хок донесени решенија. Тодоров рече дека во предлогот стои 7 октомври и други датуми, а не само овој датум, и реагираше дека не треба дебатата да се води преку медиумите, туку на средбите на комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e