Вечерва во 360°: Интервју со Никола Димитров за меморандумот на Бугарија

Емисијата „360 степени“, во која гостува вицепремиерот за европски прашања, се емитува вечерва (18 септември 2020 г.) од 22:00 часот
Во ехото на настаните од изминатите неколку дена – посетата на премиерот Заев и неколкумина министри на Грција и објавувањето на ставовите на Бугарија во врска со преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, вечерва во „360 степени“ гостува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Колку е случајност временското совпаѓање на престојот на владината делегација во Атина и протекувањето на бугарските документи, кои инаку од Софија во Брисел се испратени еден и пол месец порано, на 3 август? Дали некој сакаше со нивното протекување да ја релативизира пораката што ја испрати посетата на Заев и министрите на Атина – дека со Договорот од Преспа, од кочничар, Грција стана лобист за што побрзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ? Дури и под раководство на Владата на Нова Демократија и Мицотакис. Друго прашање што јавно се поставува овие денови е, со оглед на ваквите ставови на официјална Софија, дали Бугарија ќе го блокира одржувањето на првата меѓувладина конференција за кое германското претседателство со ЕУ планира да се случи во декември оваа година?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e