Тренчевска: Со социјалното претприемништво креираме нови работни места

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и тим лидерката на проектот на „Поттикнување на социјалното претприемништво“, Барбара Садовска, финансиран од ЕУ, на денешната средба констатираа дека заштитата и помошта од институциите е клучна во поддршката на социјалното претприемништво преку кое ранливите групи добиваат шанса да се вклучат во заедницата. Тренечевска рече дека институциите покажаат кохезија и соработка во овозможувањето на условите за работа се со цел да се намали нееднаквоста.

„Со институционалната поддршка за социјалното претприемништво, ги решаваме предизвиците и на централно и на локално ниво поврзани со сиромаштијата, невработеноста и други социо-економски прашања во врска со интеграцијата на ранливите групи. Социјалните претпријатија ќе придонесат во креирање на нови работни места за ранливите групи. На крајот на минатата година го отворивме и Националниот центар за поддршка на социјалните претпријатија кој овозможува финансиска поддршка но, пред се едукација и обука на социјалните претпријатија. Со новото законско решение за социјални претпријатија, кое очекуваме да се донесе оваа година, освен што ќе го уредиме основањето, ќе го уредиме и системот на следење на работата на социјалните претпријатија, воспоставената структура за поддршка и проценката на ефектите од мерките “, рече Тренчевска. Тим лидерката на проектот на „Поттикнување на социјалното претприемништво“, Барбара Садовска, посочи дека суштината на проектот е да биде воспоставена институционалната поддршка за која наскоро очекува законско решение кое ќе овозможи одржливо решение.

„Социјалното претприемништво и претпријатија им овозможуваат на локалните заедници поуспешен развој. Законската легислатива им е потребна за да можат социјалните претпријатија успешно да работат и да имаат инклузивна улога во вклучување на ранливите групи во локалните заедници“, рече Садовска. Минатата година во август Владата ја усвои Националната стратегија за социјалните претприемништво 2021 – 2027 година, со двегодишен акциски план 2021-2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e