Нов закон за возилата: Построги контроли при регистрација и технички преглед

Пред Собранието е новиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила, со кој се предвидува построг надзор врз регистрацијата и техничките прегледи, со цел да се спречат злоупотребите и манипулациите во системот.
Измените, кои ја поминаа Комисијата за економски прашања во прво читање, треба да донесат поголема контрола врз работата на станиците за технички преглед и постапките за регистрација на возилата. Според предлагачите, новите решенија ќе ја зголемат одговорноста на сите субјекти вклучени во процесот и ќе ги подобрат услугите за граѓаните.
Особен акцент се става на спречување на измами при продажба на половни автомобили, како и на можните злоупотреби при техничките прегледи и регистрацијата.
По завршувањето на второто читање, законот ќе биде испратен на пленарна седница за конечно усвојување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e