Инфлацијата во мај бележи раст на месечно ниво од 0,6 проценти, а на годишни ниво од 4,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е забележан кај транспортот за 1,6 проценти и облеката и храната за 1 процент.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, намалување на трошоците на живот во мај во однос на април е забележан во групите Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.4 % и Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Владата засега не размислува за воведување на мерки насочени кон цените на прехранбените производи бидејќи според контролите на Пазарниот инспекторат има минимално зголемување на одредени производи.
