Телата на загинатите во автобуската несреќа во петок ќе бидат пренесени во Скопје

Предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе биде направено преку организиран државен протокол во најдоцна во петок, информира Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, господин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Владата на Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови“, објави на својот Фејсбук профил Османи.

Тој додаде дека останува во блиска комуникација со семејствата за останатите детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e