Спасовски: Новата брза развојна економија што ја најавуваме е поставена на реални основи, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат напамет и лажат

Бараме мандат за брза развојна економија којашто носи стабилен економски раст, повисоки плати и шанси за сите граѓани, истакна Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител на листата во ИЕ 2.

„Најавуваме просечна плата до 34.000 денари (над 550 евра) и минимална плата до 20.000 денари (над 320 евра), во следните четири години.

Најавуваме раст на пензиите согласно растот на платите и покачување на најниската пензија за најмалку 21 процент.

Најавуваме грантови до 15.000 евра за млади и за жени, за отворање сопствени фирми.

Најавуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства.

Нашиот концепт за брза развојна економија е поставен на реални основи, затоа што е продолжение на евро-атлантските перспективи што се основа на неговата реализација.

Станавме членка на НАТО. Добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

И тоа даде резултат од 624 милиони евра странски инвестиции, најмногу во Југоисточна Европа, со што ја завршивме 2019 година, а денес се веќе над 660 милиони евра.

Нашата држава е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме. И ако на стартот на интеграциите имаме 660 милиони евра странски директни инвестиции можеме и повеќе.

Затоа со право најавуваме една милијара евра странски инвестиции до крајот на мандатот. И со право најавуваме поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови.

Така ќе има и нови вработувања, и повисоки плати и пензии, и поголема поддршка на младите и социјалата и други видови поддршка: детски додаток за 65.000 деца, изградба на 777 социјални станови низ целата држава, бесплатна “зелена“ нафта за сите земјоделци.

Ќе ја намалуваме невработеноста за 3% годишно и ќе постигнеме едноцифрена стапка невработеност до крајот на мандатот.

Режимот на Груевски пресликан во Мицкоски и нивните кандидати на листи, нема одговор за ниту едно важно прашање: како ќе ги задржат евроатлатските перспективи кога повторно меѓународно ќе ја изолираат државата, ќе ја караат со соседите, ќе ја делат дома. И затоа не сфаќајте сериозно ниту едно нивно ветување за економијата бидејки зборуваат напамет и лажат.

Нивната цел е обнова на режимот и затоа ВМРО-ДПМНЕ е закана и опасност.

СДСМ и коалицијата Можеме водат по правиот пат кон сигурна иднина и брза развојна економија, што значи патриотизам на дело. Следуваат многу важни избори, масовно да излеземе и да заокружиме 3 – за сигурна иднина, економска, европска, просперитетна Македонија“, посочи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e