И сопственикот на „Беса Транс“ возел еден од автобусите во турата за Истанбул

Сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу негирал дека причините за пожарот се поврзани со возачите на автобусите и патниците во нив во распитот заедно со уште осуммина лица поврзани со работењето на фирмата, објави Телма.

Обвинителката Вилма Русковска вели дека од Турција тргнале 4 автобуси. Во различен период ја минале границата со Бугарија бидејќи дел до патниците инсистирале да одат на шопинг.

Ова е причината зошто конвојот се раздвоил и патувал со задоцнување од 20-тина минути и немало кој да му пружи помош на несреќниот со реден број 3, автобус кој изгоре до пепел.

Деталите на обвинителите за кобното патување им ги открил сопственикот на „Беса Транс“ кој бил еден до возачите на вториот автобус, а со себе го водел и семејството во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e