СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот, граѓаните ги чувствуваат резултатите од успешните економски политики на Владата

„ВМРО-ДПМНЕ партијата што е симбол на криминал и расипништво и партија којашто за време на своето 11 годишно криминално владеење за тројно го зголеми долгот на Република Македонија за остварување на криминални интереси, нема никаков кредибилитет да зборува за економија“, стои во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно е дека опозициската партија не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ. За само десет месеци Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира и придвижи економијата и одговорно да управува со парите на граѓаните.

Поради успешните економски мерки и одговорното управување со финансиите, во 2017 година за првпат по неколку години забележан е пад на јавниот долг, а просечната плата бележи раст од 4,6 отсто.

За разлика од скапите, тајните и нерационалните задолжувања на ВМРО-ДПМНЕ по екстремно високи каматни стапки, успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ ја враќаат довербата во економијата, а Македонија добива историски најниски каматни стапки.

Наспроти празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, бројни економски параметри ја потврдуваат исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ а граѓаните ги гледаат и чувствуваат придобивките од успешното работење“, стои во реакцијата на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e