Сончево претпладне, попладне дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град.

Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e