Гром удри директно на граничниот премин „Евзони“, туристите синоќа останаа заглавени

Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница синоќа се соочи со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи.

Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите на момети не успевале да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот.

Дополнителни тешкотии се појавија поради проблеми со интернет-врската, па дури и во областите каде што снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано, системите не работеа со полн капацитет.

Поради комбинација од прекини на електричната енергија и прекини во комуникациските мрежи, имаше сериозни застои и отежнато функционирање на преминот, што предизвика целосен колапс на работата на граничните служби.

Граѓаните кои чекаа изјавија дека се загрижени за целата ситуација бидејќи не знаат што ги чека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e