АВРМ објави оглас за самовработување, до 10.000 евра за млади претприемачи

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска го објави јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“, преку која невработените лица ќе можат да добијат финансиска поддршка за основање сопствен бизнис.

Аплицирањето ќе се врши во сите 30 центри за вработување низ државата и ќе трае до 3 јули 2026 година.

Од АВРМ информираат дека процесот на селекција ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови.

Висината на финансиската поддршка во форма на грант изнесува 7.000 евра за лица постари од 29 години, додека за младите до 29-годишна возраст е предвидена поддршка од 10.000 евра.

Дополнително, доколку корисниците се здружат и формираат друштво со ограничена одговорност (ДОО), финансиската поддршка може да достигне до 20.000 евра, во зависност од целните групи.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на АВРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e