СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи реформскиот процес во интерес на граѓаните

Христијан Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за штетите што неговата партија ги нанесе со 11 годишното криминално и расипничко владеење.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги партизираше и злоупотребуваше институциите, криминално и расипнички ги трошеше парите на граѓаните, ја изолира државата и го подели општеството.

Мицкоски треба да се извини за таквото владеење на неговата партија, да ја објасни неговата улога во насилствата од 27 април и да престане да се крие зад народот. Народот, граѓаните, ги поразија политиките на поделби, деструкција и блокади и одбраа политики што создаваат едно општество за сите граѓани.

Во интерес на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба ги надминат погубните политики на поделби и блокади и да дадат поддршка на реформскиот процес којшто ја движи Македонија напред, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e