СДСМ: Мицкоски мора да одговори за неговата улога во случувањата од 27 април

Христијан Мицкоски два дена се крие од јавноста и не дава одговор која била неговата улога во настаните од 27 април кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ јавно застана зад насилниците кои на 27 април ја загрозија безбедноста и уставниот поредок и со тоа оваа партија призна дека стои зад насилството од крвавиот четврток.

Мицкоски мора да одговори која била неговата улога на 27 април и да не се обидува да се затскрива зад народот. Народот, граѓаните, не поддржуваат насилство, поделби и конфликти. Граѓаните не се за насилство туку за концептот на едно општество за сите и тоа јасно го покажаа на последните неколку избори, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e