Распишан ОГЛАСОТ за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со Ковид-19 кризата

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата. Согласно Програмата, 30 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за преземање итни мерки за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 преку грантови во износ од 600.000 до 900.000 денари.

Генерален секретаријат распишува при Владата денеска го распиша Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата,.

На огласот можат да учествуваат здруженија и фондации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку 2 години пред објавувањето на огласот.

Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е најдоцна до 11 јуни 2020 година, до 12:00 часот.

Пополнетиот образец на пријава, образец за буџет и скенирана Тековна состојба од уписот во Централен регистар на РСМ, се доставуваат по електронски пат на адреса [email protected] со назнака Пријава за оглас. Страниците кои содржат потпис и печат треба да се испратат скенирани.

Потребните документи може да да ги најдете на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e