Претставници од МЗШВ на средба со производителите на праски и откупувачите

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев.

На средбата присуствуваа и претставници од компаниите извозници напраски и производители на праски, а се разговараше за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

Според информациите од терен, на средбата беше констатиранодека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија,Иран, Белорусија, Косово.

Воедно на средбата беа презентиранипредлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите и договорена е средба во поширок состав, на којаштоод страна на производителите ќе се претстават предлозите запартнерство помеѓу нив и откупувачите.

Во меѓувреме инспекторите од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите при откупот.

ДФЛ работи со доволен капацитет за извршување на редовните анализикои се потребни за непречен извоз.

Следната недела МЗШВ ќе има средба и со компаниите одиндустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите, со целда има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина на праски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e