Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МЗШВ и Проектот на USAID North Macedonia за развој на деловниот екосистем

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанско денеска потпиша Меморандум за разбирање помеѓу МЗШВ и Проектот на USAID North Macedonia за развој на деловниот екосистем.

2

-Преку овој пристап се очекува подобрување на односите помеѓу земјоделците и преработувачите, подигнување на нивото на иновации во земјоделскиот и прехранбениот сектор, подобрување на перцепцијата на потрошувачите за локалните прехранбени производи и подобрување на конкурентноста на земјоделците преку нивно интегрирање во земјоделскиот и прехранбениот сектор, информираше министерот Љупчо Николовски.

3
Тој наведе дека бројни фармери се поддржани со нова, модерна опрема, со техничка помош, како и финансирање во ветеринарни обуки и сертификација.

-Како министерство ја продолжуваме соработката со USAID се со цел поттикнување на одржлива промена во деловниот екосистем, но и подобрување на продуктивноста во млечната индустрија и полесен пристап до ИПАРД фондовите, додава Николовски.

299882256_604865074340666_6579503913626409373_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e