Пендаровски: Ниту еден денар не е потрошен од буџетот за анкетата „Човек од народот”

По повод наводите и прашањата за анализата на јавното мислење презентирана од страна на Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО) и „Институтот за демократија Социетас-Цивилис“, од Кабинетот на претседателот Пендаровски велат дека немаат нарачано, платено, ниту спроведено анкета за истражување на јавно мислење. Носител на анкетата за јавно мислење е „Институтот за демократија – Социетас Цивилис”.

„Ниту еден денар не е потрошен од буџетот на Кабинетот на претседателот Пендаровски. Финансиските средства за анкетата се обезбедени од буџетот на „Институтот за демократија – Социетас Цивилис“. Настанот на кој се презентираше анализата и имаше дебата е организирана во рамки на редовните активности на Претседателскиот центар за политичко образование и во согласност со Меморандумот за соработка склучен со Институтот за демократија“, велат оттаму.

Додаваат дека целта на истражувањето е популизмот и авторитарните тенденции како негативен општествен и политички феномен.

„Изразот „Човек од народот” не се однесува на претседателот Пендаровски, туку е анализа на ставовите на граѓаните во однос на популистичките тенденции во политиката“, се додава во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e